Шкендија апелира за максимален респект од страна на навивачите на утрешното дерби против Вардар

89

Утре со почеток од 14:00 часот на Градскиот стадион во Гостивар се игра големото дерби помеѓу Шкендија и Вардар во рамките од единаесеттото коло од ПМФЛ шампионатот.

Од страна на организаторот и домаќинот, ФК Шкендија предмалку беше објавено соопштение во кое се замолуваат сите навивачи кои што ќе бидат присутни на овој меч да го почитуваат редот правилата на однесување кои што доаѓаат сами по себе кога се одржува ваков важен меч од домашното првенство.

Шкендија апелира на навремено доаѓање, на порписно пополнување на единствената трибина на стадионот во Гостивар, која што има капацитет од 1500 гледачи, и кој што не смее да биде преполнета поради безбедносни причини.

„Дојдете на стадионот порано за да избегнете долго чекање и гужви на влезовите.
На влезовите ќе се вршат безбедносни проверки, а бројот на гледачи на трибината не смее да го надмине утврдениот капацитет.
Влез без билет е дозволен само за деца придружувани од родител, под услов да не заземаат посебно седиште (т.е. мора да седат во скут). Претставниците на медиумите кои сакаат да го следат натпреварот мора претходно да побараат акредитација, поради ограничениот простор.
Ги повикуваме сите навивачи да навиваат коректно и во духот на фер-плејот – да ја поддржуваат Шкендија со страст, но секогаш во рамките на правилата, избегнувајќи какви било постапки што би можеле да доведат до инциденти или до казни за клубот.
Го разбираме големиот интерес кај навивачите и нивната желба да го поддржат тимот; сепак, капацитетот на стадионот не дозволува присуство на сите што сакаат да дојдат.

Безбедноста на јавноста е наш приоритет, затоа бараме разбирање од сите и почитување на насоките.

Ви благодариме за соработката и поддршката. На „црвено-црните“ им требате вие, но пред сè, сакаме натпреварот да се одвива во безбедна средина за сите! – се вели во соопштението на ФК Шкендија.

ПретходноСилекс влезе во победничка низа (ВИДЕО)
СледноЈавноста во Хрватска отворено прашува, му треба ли на Динамо нов тренер?