По комплетирање на натпреварите од претколото од Првата лига мажи дефиниран е изгледот на А и Б групите во кои екипите ќе се натпреваруваат во регуларниот дел од сезоната.
Во групата А се шампионот Штип УГД, ланскиот финалист ГОК Борец, Струмица 47&72, Работнички 71&22, Сушево и Универзитет во Тетово, додека во групата Б ќе играат Весна Пробиштип, Лирија, Македонија Џио, Шкендија, Јанта Волеј мажи и Скопје.
Регуларниот дел од сезоната започнува в сабота, со натпреварите од првото коло.
Според Пропозициите, шестте екипи во секоја група разигруваат по четирикружен бод-систем, дома- гости, со вкупно 20 кола, односно 10 во есенскиот и 10 во пролетниот дел од сезоната. По завршувањето на регуларниот дел од сезоната екипите од Прва А лига, заедно со прво и второ пласираниот тим од Прва Б лига ќе се соочат во четврфиналето на плеј-офот.










