Лука Станковски го постигна својот прв гол во дресот на Колос Коваливка и стави печат на гостинската победа од 2:0 над Верес Ривне на денешниот натпрфевар од украинската Премиер-лига.
Македонскиот репрезентативец се запиша во листата на стрелците во 53. минута, кога по одличното додавање од Антон Салабај излезе сам пред противничкиот голман и сигурно ја реализираше шансата за водство од 2:0.
За Станковски ова е првенец во украинскиот шампионат во дресот на Колос, а погодокот доаѓа во важен момент за неговиот тим, кој со триумфот на гостувањето во Ривне освои значајни бодови.










