Пелистер рутински до победа против Младост, славеше и Тиквеш

56
ФОТО:facebook.com/hceurofarmpelister

Добро загревање за Вардар во пресрет на “вечното дерби“ следниот викенд, но добро загревање и за Пелистер. Битолчани вечерва во меч од 8.коло славеа против Младост и повеќе од рутински со 36:21.

И пред натпреварот се знаеше каде ќе одат бодовите со оглед на расликата во квалитетот па така на Пелистер не му остана ништо друго освен да одработи еден полесен тренинг и да слави и повеќе од убедлива победа.

Во првото полувреме беше 16:6 и јасно беше како ќе се одвива овој меч. Во продолжение домашните ракометари не само што ја задержаа убедливата разлика туку и ја зголемија, па така на крајот победи апсолутно заслужено со 15 голови разлика.

Рековме веќе во наредното коло Пелистер го чека гостување на РК Вардар.

Ова беше седма победа за битолчани, кои имаат и само едно реми.

Филип Кузмановски со 7 погодоци беше најефикасен кај домашните, додека кај гостите Бојаниќ со 8 погодоци беше најефикасен на мечот.

Во исто време се одигра и натпреварот Тиквеш – Куманово на кој славеа домашните со 30:28. Ова беше четвтрта победа сезонава за кавадаречкиот суперлигаш. Макфуд кај домашните и Радван кај гостите запишаа по 9 погодоци.

ПретходноЖЕСТОК УДАР ЗА ЈАНАКОПУЛОС! Олимпијакос му испрати порака што одекна: Внимавај што посакуваш!
СледноБраво: Алексовска со спектакуларна победа против грчката претставничка на ФНЦ(ВИДЕО)