Теренот на ФФМ ќе биде домашен за фудбалерите на Вардар и на престојните два исклучително важни натпревари на „црвено-црните“. Веќе во среда е дуелот со Тиквеш во 1/8 финалето од Купот на Македонија додека за време на викендот е дерби дуелот со екипата на Струга Трим Лум.
Официјално првичната верзија за оваа одлука е тоа што теренот на Арената „Тодор Проески“ се чува за дуелот на националниот тим со Словенија кој се игра за на 16 ноември, иако теренот на ФФМ е желба како за тренерот така и на играчите на Вардар. Во „тесното“ се чувствуваат подобро со оглед на тоа дека тимот кондициски беше очаен по утнатите летни подготовки, тренер и засилувања а сега прибран и стокмен од Гроф Божовиќ кој го врати првакот на победничките стази.
Сепак пресметката со Тиквеш за два дена е од огрома важност за Вардар со оглед на тоа дека силниот гостин од Кавадарци е сериозен испит за силата на Вардар кој игра многу променливо оваа есен. Првакот оваа сезона оди на двојната круна па затоа и овој еден „нокаут“ дуел со Тиквеш мора да биде одигран на потребното ниво. Тиквеш на ФФМ веќе го прегази тимот на Шкендија (1:3), така да знаат да играат и на „тесно“…















