Алкалоид и Охрид ги добија противниците за третата рунда вo ЕХФ Европскиот куп

62

Македонските ракометни претставници во ЕХФ Европскиот куп денеска ги дознаа противниците за третото коло од натпреварувањето. Алкалоид ќе се соочи со словенечкиот тим Горење Велење, додека ГРК Охрид за противник го доби литванскиот Драгунас Клаипеда.

Посериозен предизвик го очекува тимот на Алкалоид, кој ќе ги одмери силите со силниот словенечки состав, екипа со традиција и искуство на европската сцена.  Охрид, пак, ќе се соочи со Драгунас Клаипеда, противник со кој македонскиот ракомет веќе има искуство. Литванскиот тим претходно играше против Алкалоид, но тогаш не успеа да му парира на македонскиот состав и беше елиминиран.

Првите натпревари од третото коло се закажани за 21 и 22 ноември, а реваншите ќе се играат на 28 и 29 ноември.

ПретходноФФМ со информација за билетите за натпреварот со Шкотска
СледноНов проблем за Милан, се повреди и Лофтус-Чик