НБА ветеранот, и човекот кој што има цели 13 сезони во најсилната кошаркарска конкуренција на светот, Двајт Пауел е нов играч на тимот на Фенербахче. Откако зенитот на своето кошаркарско битисување го одработи во САД, Пауел сега ќе се испроба и во Европа, кога вече опциите за него во НБА лигата очигледно се сведоа под минимум.
Пауел има огромно искуство и како таков беше интересен за поголемиот дел од екипите во Евро лигата но како што е тоа чест случај, турците несомнено имаа најдобра финансиска понуда, па тој до крајот на сезоната ќе живее во Истанбул.
Инаки Пауел е еден од најпрецизните играчи во историјата на Далас со просек на уфрлени удари од 60%.










