На Сити не му е доста, пак ќе ја засилува одбраната

192

Манчестер Сити има најдобри шанси да го донесе централниот бек на Виљареал Пау Торес. 24-годишниот фудбалер предизвика голем интерес кај клубовите од Премиер лигата, а летоска Тотенхем и Манчестер Јунајтед сакаа да го донесат но не успеаа. Според „Марка“ и „граѓаните“ го следат Торес подолго време дури и разговарале со играчот чија што цена „жолтата подморница“ ја проценува на 55 милиони фунти.

И покрај тоа што Гвардиола располага со Рубен Диас, Ајмерик Лапорт, Џон Стоунс и Нејтан Аке во одбраната, сепак, го сака и Торес во дефанзивниот ред. Се очекува клубот од Манчестер да проба да го донесе во јануарскиот преоден рок.

Торес одигра 44 меча за Виљареал минатата сезона, а беше дел од шпанската репрезентација на Олимпијадата во Токио.

ПретходноАбрахам се врати во селекцијата на Англија по одличните настапи за Рома
СледноБалотели тргна во контра напад, па застана за да истепа играч (видео)