ДВА МЕДАЛА ЗА ТК ФЕНИКС КИК НА ГАЛЕБ БЕЛГРАД ТРОФЕЈ Е1 2026!

24

Таекводно клубот Феникс, викендов имаше одличен настап на турнирот во Белград  „Галеб Белград Трофеј Е1 2026“ од каде што се врати со два освоени медали.

Мартина Наумовска во категоријата кадетски, до 59. килограми, го освои сребрениот медал. Во четвртфиналето со 2:0 против Ана Меновиќ е обезбеден триумф, како и во полуфиналето против Маша Павловиќ исто така со 2:0. Во финалрто пораз 1:2 од Хана Рејхолчова.

Од дрига страна пак, Антонио Негријовски освои бронзен медал во категоријата јуниори до 51. килограм. Во четвртфиналето тој го победи Андреј Цикиќ од Црна Гора додека во полуфиналето беше поразен од Константинос Васиоурис од Грција со 1:2.

ПретходноИсториска промена на врвот на АТП ранг-листата
СледноМТЕЛ СУПЕРЛИГА – ПЕТОРКА НА КОЛОТО – 5: Рикиќ прв меѓу најдобрите