Башкими до важни бодови против Арсими

68

Во последниот дуел од ова 12. коло од прволигашката македонска конкуренција, на стадионот во Куманово, домаќинот Башкими со конечни 2:1 го совлада тимот на Арсими.

По првиот дел, кој што мина без голови но со интензитет, второто полувреме донесе возбудувања.

Во 50. минута Стефан Ристовски кој што му донесе почетно водство на домашните, за да во петнаесетина минути Рибеиро ја удвои домашната предност.

Интересна завршница донесе Ибрахима Гаје кој што намали на 2:1, и не му дозволи на Башкими предвеме да се радува.
Сепак, гостите немаа сила за да дојдат и до реми до крајот на мечот.

Арсими остана на десетте бодови и осмата позиција на табелата, а сега Башкими има исто толку поени на своето конто и е место подолу.

 

ПретходноСтруга ТЛ знае како против шампионот (ВИДЕО)
СледноКлубот на народот VS клубот на старецот