Марио Илиевски се врати на тренинг по тешката повреда: ГОЛЕМО фала за сите оние што беа со мене периодов (ВИДЕО)

97

Македонскиот интернационалец и потенцијален репрезенаттивец, Марио Илиевски денеска по месеци рехабилитација се појави на тренинг на неговиот клуб, ФК Приштина.

Некогашниот капитен на У21 репрезентацијата на Македонија, тешко се повреди, кинејќи ја тетивата на ногата и беше потребен сериозен рехабилитационен процез за тој повторно да се врати на терен.

Тешкиот период помина. Илиевски денеска со овации од страна на неговите соиграчи беше дочекан на тренингот на Приштина. Тој пред повредата беше апсолутен господар на тимот. Најдобар стрелец, најдобар играч, „алфа и омега“ во тимот.

„Ете, конечно заврши и таа моја голгота со повредата. Среќен сум што сето тоа е зад мене. Убаво е да си повторно на терен. Благодарност до сите оние кои што периодов ме поддржуваа, не ме заборавија, ми праќаа пораки на поддршка. Го ценам тоа. Знам дека ме чека сега враќање во старата форма, но одиме полека чекор по чекор. Најважно е што сум здрав, што сиот овој рехабилитационен период мина најдобро. Се враќам појак од кога и да е“ –  порача Марио Илиевски во изјава за Спортспорт.

ПретходноКлубот на народот VS клубот на старецот
СледноЏејмс Милнер го трчаше маратонот во Њујорк