Средена е документацијата: Со Чурлинов против Шкотска и Словенија

115

Дарко Чурлинов ќе игра за Македонија на претстојните мечеви од Лигата на Нации против Шкотска и Словенија. Имено документацијата околу неговиот престој во Полска е средена, па така фудбалерот на Погон Шчечин ќе може да излезе од земјата и да дојде на собирот на нашата репрезентација во пресрет на дуелите во Глазгов на 13 ноември и во Скопје на 16 истиот месец.

Ова треба официјално да го потврди и селекторот Гоце Седлоски кој денеска од 11.30 часот на прес – конференција да го објави списокот со играчи на кои ќе смета за последните два натпревари на нашата репрезентација од Б Лигата на Нации со Шкотска на гости и Словенија дома.

Да се потсетиме дека Чурлинов имаше повик од Седлоски за минатите средби во ЛН, но не можеше да го прифати поради задоцнета постапка на неговиот клуб за престој во Полска, односно во Европската Унија.

Но сега тоа е минато и Чурлинов сега ќе му се стави на располагање на селекторот Седлоски.

Јасно е дека Дарко и тоа како добро ќе и дојде на нашата репрезентација ако се знае дека тој игра во одлична форма сезонава во шампионатот на Полска.

ПретходноДончиќ и Лејкерси блескаат, Јокиќ и Денвер редат порази! (ВИДЕО)
СледноСтрашна е оваа Филаделфија, Леброн имаше време и за пијалок!(ВИДЕО)