Ти Џеј Шортс е МВП на Евролигата за месец октомври

27
ФОТО: X/Valencia Basket Club

Натурализираниот американец со пасош на Македонија, Ти Џеј Шортс во моментов е во фантастична форма. Фактот што се пресели од Панатинаикос во Валенсија направи тој во моментов да игра можеби и кошарка на својата кариера, па не треба да изненади што е прогласен за број еден играч на изминатиот месец во најсилната европска кошаркарска конкуренција, Евролигата.

Шортс, има просек од 17,1 поени и 5,7 асистенции во изминатиот месец, што го става на врвот на листата на најдобри поединци.

Во моментов Шортс, и тоа како потсетува на времето кога настапуваше за тимот на Париз, и кога имаше статус на еден од најдобрите поединци на Стариот континент.

Претходно“На Русите не им е местото во Европа“
СледноРеал Мадрид има “ѕвер“ во младинската школа: Лопез има само 15 години а висок е 192 см!