ТИМ И ИГРАЧ НА 12.КОЛО: Радески го “реши“ Вардар

53

Кога ќе се победи Вардар на негов терен и тоа со твојот и тоа како атрактивен гол, тогаш нема дилеми дека ти си играч на ова 12.коло. Секако дека тука мислиме на Марјан Радески кој и тоа како покажа, токму кај шампионот, дека е еден од најдоброте фудбалери не само во Струга ТЛ туку и во ПМФЛ.

Радески со својата мајсторија го “реши“ Вардар.

Покрај него во тимот на колото од Струга ТЛ се и Фал, Рочи, Диако и Бојку. Секако дека заслужи и голманот Василев, ама сепак одбранеиот пенал во 90+4.минута на Гаје со што ја спаси победата на својата екипа одлучи голманот на Шкендија да има мала предност пред младиот и квалитетен голман на стружани. Од Шкендија во идеалниот тим се и Манев, Красниќи и Ѓорѓиевски, тука се и Рибеиро (Башкими) и Лусианињо (Тиквеш).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

МАРЈАН РАДЕСКИ

Тим: Струга ТЛ

Роден: 10.02.1995 во Прилеп

Кариера: 11 Октомври, Металург, Шкендија, Брера, Шкупи, Пјуник, Струга ТЛ

ПретходноНовак со пресврт го мина првото коло во Париз
СледноБарселона ја одреди цената по која ќе го продава Балде