Мурињо: Титула во ЛШ со Реал? Тоа би било…

339

Жозе Мурињо верува дека освојувањето на Лигата на шампионите со Реал Мадрид би имало посебно значење во неговата тренерска кариера. Португалскиот стратег, кој веќе го освојуваше европскиот трофеј со Порто и Интер, беше прашан дали очекува да го повтори успехот и со кралскиот клуб.

„Титула во Лигата на шампионите со Реал Мадрид? Тоа би била титула освоена со најголемиот клуб на светот“, изјави Мурињо.

Сепак, тренерот веднаш ја спушти топката и порача дека не сака да зборува за хипотези, туку за реалноста. А таа, според него, е дека Реал сè уште не ја минал ниту лигашката фаза од натпреварувањето.

ПретходноЛиверпул остана и без Гравенберх за утрешниот дуел со Фенербахче
СледноЈамал за историја: 14 гола во ЛШ, соборен рекордот на Мбапе