Куманово доби парична казна за плукање на судии, Скопје за слаба организација

69

По заавршување на петтото коло во Супер-лигата, КФМ го објави најновиот билтен. Дел од клубовите повторно ќе плаќаат парични казни на име на своите фанови, додека дел за слаба организација.

Кошаркарскиот клуб Куманово ќе мора да плати казна од 30.000 денари поради однесувањето на своите навивачи на натпреварот против Кожув, кој кумановци го добија убедливо. Причина за казната е плукањето на судиите за време на средбата.

Казна доби и КК Скопје. Според најновиот билтен на МКФ, кај актуелниот вицешампион биле констатирани повеќе пропусти во организацијата на домашниот натпревар против Куманово, поради што клубот ќе треба да плати вкупно 22.000 денари по различни основи. На ова се надоврзуваат и казните за техничките грешки на тренерот Петрески и на клупата на КК Скопје.

ПретходноКузмановски е вистински капитен: Горига не го гледам како конкуренција, туку како засилување!
СледноМитев: Фаворити сме, одиме на победа – сакаме да ја израдуваме нацијата!