РФМ му се поклони на Маркоски за годините минати во националниот дрес!

232

Уште едно име кое долго го носеше дресот на Македонија замина во легендите. Никола Маркоски стави крај на својата кариера, а денешниот натпревар против Луксембург беше совршен момент да му биде оддадена почит за сето она што го направи за националниот тим.

Ракометната федерација на Македонија пред почетокот на мечот направи убав гест. Претседателот Александар Стефанов на Маркоски му врачи врамен дрес како знак на благодарност за годините посветени на репрезентацијата.

Последен клуб во кариерата на Маркоски беше Алкалоид, а настапуваше и за Вардар, Металург и Еурофарм Пелистер.

ПретходноЈанта Волеј и вторпат убедливо загуби од Прага во Челинџ Купот на ЦЕВ
СледноАрис претрпе прв пораз, Нено заврши двоцифрен