Ристоски прогласен за тренер на колото во Турција

0

Специјализираниот одбојкарски медиум Voleyturkiye1 го прогласи македонскиот стратег Жарко Ристоски за тренер на првото коло во најсилната турска лига. Во традиционалниот избор на „Тим на колото“, кој се прави врз основа на постигнатите резултати и статистиката се прогласуваат најдобрите одбојкари, како и најдобриот тренер на колото.

Со оглед на одличниот старт кој Ристоски го имаше на клупата на Истанбул Беледиеспор сезонава ова е голема мотивација за неговата тренерска премиера на турско тло.

Нашиот тренер и ИББ Спор имаат добар почеток на сезоната, која се игра со набиен распоред, и досега забележаа две победи во првите две кола (Сунгурлу 3:1 и 3:2 со Султабејли), како и два порази (2:3 од Истанбул Генчик и од Фенербахче 1:3), резултати со кои се на седмото место на табелата во Суперлигата.

Во последните две кола ИББ Спор игра ослабен, односно без коректор, поради повреда на двајцата играчи на оваа позиција (Тепан и Фазли).

Во следното коло Ристоски и неговиот тим имаат нов голем предизвик  – ланскиот учесник на Ф4 во ЦЕВ Лигата на шампионите Зират Банк, кој е и актуелен лидер на табелата во домашното првенство.

ПретходноИстанбул се “тресе“: Ѕвездите на Галатасарај “фатени“ во геј бар?!(ВИДЕО)