„Роналдо сака да биде тренер или сопственик на Манчестер Јунајтед“

85
ФОТО:x.com/AlNassrFC_EN

Кристијано Роналдо би сакал еден ден повторно да биде дел од Манчестер Јунајтед, но овој пат во поинаква улога – како тренер или дури и сопственик на англискиот клуб. Таква можност најави Мик Клег, поранешниот кондициски тренер на „црвените ѓаволи“, кој соработуваше со португалската ѕвезда за време на неговиот прв престој на „Олд Трафорд“.

Клег смета дека Роналдо е човек кој внимателно ја планира својата кариера и дека не остава важни одлуки на случајноста. Како пример го посочи неговото заминување во Реал Мадрид, потег што, според него, бил однапред испланиран, иако многумина верувале дека Португалецот ќе остане во Манчестер засекогаш.

„Мислам дека со задоволство би станал тренер или сопственик на Манчестер Јунајтед. Тој секогаш планира и не чека работите едноставно да се случат“, изјави Клег.

Претходно10-ката на Меси засега нема да ја носи друг Аргентинец
СледноКЛ: Алиоски погоди, Растодер славеше со пресврт