Пауло Дибала постигна договор со Јувентус за продолжување на соработката на четири години, италијанските медиуми открија детали.
Аргентинскиот напаѓач треба да заработува осум милиони евра по сезона, со можност истата секоја година да расте до 10 милиони евра заедно со бонуси.
Актуелниот договор на Дибала важи до крајот на сезоната, но раководсвото на клубот сака да го врзе до 2025 година. Во моментов тој е опоравува од повредата, а се очеува новиот договор да биде официјализиран пред кам-бекот на терените, на 17. октомври против Рома.
Во редовите на Јуве дојде во 2015 година од Палермо, за него италијанскиот тим плати 40 милиони евра. Тој ги одби понудите на Манчестер Јунајтед и Тотенхем.