Со конечни 0:2, тимот на Шкендија Арачиново денеска во рамките од 13. коло од ПМФЛ шампионатот успеа да слави на гостувањето во Гостивар кај тимот на Арсими.
Гостите на овој меч едноставно имаа повеќе капацитет и концентрација и во дефанзивата, но и во нападот, па ги искористија своите шанси за да дојдат и до трите бода.
Младинскиот репрезентативец Дашмир Елези донесе водство на стартот на вториот дел односно во 47. минута.
Потоа, домаќинот тргна да израмнува но тоа не му појде од рака. Гаје ја имаше најдобрата ситуација, шутираше од непосредна близина кон голот на Столевски, но за жал на домашната публика ја погоди само гредата.
Од другата страна пак, Аритон Мемед во обид да нафрли го погоди во раката дефанзивецот на Арсими, Ел Хаџи Геје, а главниот судија по интервенцијата на ВАР досуди најстргоа казна.
Сигурен реализатор беше капитенот Бесир Демири во 86. минута за подоцна конечните 0:2.
Шкендија Арачиново во моментов е на одличното петто место со 18 поени, додека пак Арсими има проблем затоа што е претпоследен со десет поени.















