Мизеријата на фудбалот во Македонија низ две слики!

21

Зошто сме далеку од нормалниот фудбал, од фудбалот кој се игра пред полни трибини, за навивали – на добри терени и нормални услови за играње и гледање. Фудбалот во Македонија се чини дека е на самото дно. И не само резултатски туку и организационо. Само викендов две фотографии од терените во земјава кои ја рефлектираат реалноста и бедната вистина.

Фото број 1: Општинска лига на Битола

Натпревар ФК Младост Беранци – ФК Јени Мале (2:0). Теренот означен со линии. Творецот на овие линии можеби имал бурна ноќ или добра кафана. На што личи ова!? Официјални лица, организатори!? Се слушаме ли!? Ова фото ќе го обиколи регионот и повторно ќе бидеме алатка за потсмев и „хејтање“.

Фото број 2: Поинтагенси се лица кои се редовно низ терените во земјава и во аматерските лиги и младинските лиги. Често низ нивните фотографии може да се видат случувањата во овие категории кои го следат само родителите. Но истите се пожалија дека викендов во Тетово (не навеле на кој меч), не им било дозволено да си ја работат својата работа. Делегатот им забранил! ФФМ…!? Нормално ли е ова!?

ПретходноЕлези и Демири донесоа победа на Шкендија Арачиново