Хоџа со нов гол и асистенција пред настапите за Македонија

81

Дитмир Хоџа е се подобар и подобар во Лидс играјќи за вториот тим на оваа екипа која викендов стигна до убедливи 5:1 над Бурнемут.

Младиот стружанец настапи од 63-минута и веднаш стрелаше во мрежата на протувникот. Тоа беше гол за 4:1 на Лидс (У21), а потоа следеше и петардата која беше по асистенција на нашиот млад фудбалер.

Формата на Хоџа секако дека го радува селекторот Капинковски затоа што фудбалерот на Лидс бо деновите кои следат е главниот наш џокер во репрезентацијата до 19 години која во Струмица игра квалификации до Северна Ирска, Швајцарија и Малта. Робусниот голгетер кој летово од Работнички замина во Англија има настапи и за нашата селекција до 21 година.

ПретходноЕва Митевска со историски успех на Младинските олимписки игри
СледноУ19: Капинковски го објави списокот на избраници за вториот квалификациски циклус