Вардар пак направи промена за мечот со Алкалоид

0

Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид сепак ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала во СЦ „Јане Сандански“, како што беше првично најавено.

Датумот и почетокот на натпреварот остануваат непроменети , 14 ноември 2026 година, сабота, од 18,30 часот.

Првично, поради зафатеноста на поголемите спортски објекти во Скопје, беше предвидено средбата од 10. коло во Суперлигата да се одигра во малата сала во СЦ „Јане Сандански“.

Сепак, по дополнителни разговори и организациски усогласувања, во СЦ „Борис Трајковски“ беше пронајден соодветен термин за одигрување на натпреварот.

ПретходноТео Симиќ со прв дабл-дабл во НЦАА(ВИДЕО)