Машката репрезентација на Македонија до 20 години ќе се соочи со Белорусија, Холандија и Норвешка во групата Е во втората рунда од квалификациите за Европското првенство 2027.
ЦЕВ потврди дека Македонија ја добива организацијата на турнирот во рамките од групата Е, кој од 15 до 17 јануари 2027 година ќе се одржи во салата „Јане Сандански“ во Скопје, а попладнево го дефинираше и изгледот на петте квалификациски групи во машка конкуренција.

Женската репрезентација до 20 години, пак, во рамките од групата Е, ќе ги пречека Белорусија, Унгарија и Норвешка, од 21 до 23 јануари 2027 година, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, исто така во втората рунда од евро-квалификациите.
Пласман на ЕП 2027 за играчи до 20 години ќе обезбедат победниците во петте квалификациски групи, како и двете најдобропласирани репрезентации од оваа рунда.

На ЕП 2027 во машка конкуренција, кое од 21 до 30 јули ќе се одржи во Хрватска и Црна Гора, учество имаат обезбедено организаторите, како и Естонија, Франција, Русија, Бугарија, Чешка, Финска и Исланд, кои успешно ја минаа првата рунда, односно Зонските квалификации.
Во женска конкуренција, пак, на ЕП, кое од 8 до 18 јули следната година ќе се игра во Италија и Малта покрај домаќините ќе учествуваат и Русија, Турција, Германија, Финска, Чешка, Исланд и Полска.










