Здравко Мамиќ: Имав рак, ме прашуваа уште колку ќе живеам!

64
ФОТО:printscreen

Здравко Мамиќ, некогашниот прв човек на Динамо Загреб, откри дека годинава имал малиген меланом, најагресивната форма на рак на кожата. Поранешниот лидер на Динамо зборуваше за тоа во емисијата „Кој си ти лик?“ на комичарот Данко Ажиќ на Јутјуб и рече дека е здрав по операцијата. Болеста, вели тој, е откриена на време.

„Многу се зборува во јавниот простор за мојата здравствена состојба, многумина веќе ме оплакуваа. Пред седум месеци открив малиген меланом, се оперирав и сега стојам пред вас како здрав човек. Ова можеби е можност да објавам urbi et orbi, ексклузивно“, рече 67-годишниот Мамиќ.

„Во последно време имав најмногу повици од луѓе кои прашуваат уште колку ми останува до крајот на животот и каква е мојата состојба. Но, можам да кажам дека доволно рано дознав за проблемот и дека реагирав навремено. Им благодарам на лекарите кои ме лекуваа и сега сум Здравко, здрав како карпа“, додаде тој.

Меланомот е малиген тумор на кожата кој произлегува од меланоцитите, клетки кои го произведуваат пигментот меланин. Мамиќ беше осуден во случај во кој беше вклучено раководството на Динамо, а од 2018 година живее како бегалец во Босна и Херцеговина, која го отфрли барањето на Хрватска за негова екстрадиција.

Претходно“Бомба“: ПСЖ нуди 200 милиони евра за ѕвездата на Реал!
СледноМрме се потсети на 12.11.2020: Денот кога сонот стана реалност!(ФОТО)