Доделeни наградите „13 Ноември“, Белистојановски најдобар спортист, Кузмановски лауреат кај новинарите

61

Денеска по јубиилејен, 57. пат, Сојузот на Спортови на Град Скопје, со пригордна свеченост ги додели традиционалните „13 Ноември“ годишни награди на заслужни спортисти, спортски работници, екипи, и новинари од главниот град на Македонија.

Годинава свеченоста се одржа во спортскиот комплекс „Јане Сандански“, а беа доделени девет признанија, на предлог на Комисијата за награди и признанија и со одлука на Извршниот одбор на Сојузот.

За најдобар спортист е прогласен каратистот Матеј Белистојановски кој што имаше одлична година зад себе. Тој освои прво место на натпреварувањето Серија А во Тбилиси, златен медал на Европското првенство во карате за У21 во Лимасол, како и златен медал на Медитеранските игри во Таранто.

Признание за долгогодишна работа во спортот, и активна вклученост во него, со повеќе од две децении ангажман во повеќе медиуми, доби новинарот Сашо Кузмановски.

Ирена Митровска, претседателката на Федерацијата за дигање тегови и секретарка на Кик-бокс федерацијата, за нејзиниот придонес во спортското организирање и развојот на овие спортови исто така е во наградените годинава.

За посебните достигнувања во спортот, особено во текот на оваа година, награда доби и Спелеонуркачкиот клуб „Врело“. Признанието следува по исклучителниот успех на експедицијата „Врело 2026“, реализирана во периодот од 11 до 17 октомври, со врвно организирана нуркачка екипа. Во рамките на експедицијата беа поставени неколку нови светски рекорди: истражување на најдлабоката пештера во светот во која човек досега навлегол, најдлабоко нуркање во пештера и најдлабоко нуркање на отворени води. Во експедицијата учествуваа вкупно 15 членови од Македонија, Полска и Италија.

Наградата за животно дело на Марин Докузовски

Легендарниот кошаркарски стратег, и поранешен селектор на македонската репрезентација, Марин Докузовски е добитни на наградата за животно дело.

Признание добија и Силвана Карбеска и Марија Илиева, меѓународна ракометна судиска двојка. Тие се меѓународни судијки за ракомет на плажа и ракомет во сала, а од 2009 година судат на светски и европски првенства, како и на највисоките натпреварувања во организација на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Признание доби и Александар Кузмановски, карате-тренер во Карате клубот „Олимпик Скопје”, во кој членуваат некои од најдобрите спортисти, меѓу кои Матеј Белистојаноски и Вероника Костовска. Кузмановски воедно е и селектор на македонската А-репрезентација во карате, во дисциплината борби.

Наградите „13 Ноември” се доделуваат од 1970 година, во чест на ослободувањето на градот Скопје. Тие се доделуваат за особени заслуги во развојот и унапредувањето на спортот, врвни спортски достигнувања, како и за придонесот на заслужни спортисти, тренери, професори по спорт, спортски новинари и спортски работници, вклучително и за животно дело во областа на спортот.

ПретходноЛига Нации: Франција без Мбапе на „Сан Сиро“, Јамал ќе го “прескокне“ дуелот со Чешка (ФОТО)
СледноМиланова: Адутите на Македонија се желбата, борбата и националниот дрес