Дури девет македонски кошаркарски судии се најдоа на конечниот список од 55 арбитри кои ќе ја делат правдата во АБА-лигата во сезоната 2026/27. Со тоа, Македонија е меѓу најзастапените земји во регионалното натпреварување, веднаш зад Босна и Херцеговина и Црна Гора.
На списокот се Боро Антовски, Александар Давидов, Никола Јакимовски, Марио Маџоски, Владимир Михајловиќ, Петар Петровски, Стефан Ристовски, Игор Темелков и Дејан Зафировски.
Најбројни се арбитрите од Босна и Херцеговина со 13, пред Црна Гора со 10, додека зад Македонија следува Хрватска со шест судии. Конечниот список беше објавен во пресрет на натпреварите од осмото коло, а на него се наоѓаат вкупно 55 судии.










