Полувреме во Глазгов: Мектоминеј промашува „зицери“, Столе засега е нашиот херој

131

Македонската фудбалска репрезентација на полувреме од дуелот во Глазгов, против домаќинот Шкотска, во рамките од претпоследното коло од Лигата на Нациите, има активен резултат, 0:0.

Јасно е дека Македонија се брани на овој меч, но засега тоа на избраниците на селекторот Гоце Седлоски им оди од рака. Домаќинот промаши серија на ситуации, пред се Скот Мектоминеј, пред се благодарение на расположениот Столе Димитриевски.

По обидот на Роберстон на старот на мечот, Дориев го имаше обидот за Македонија. Прими една допка лево, се намести на својата десна нога и шутираше на подалечниот дирек, дваесетина сантиметри од него.

Првата сериозна можност домаќините на овој дуел ја имаа во 15. Минута кога Скот Мектоминеј, прими една топка во нашиот шеснаесентик, го издржа дуелот со Младеновски, се заврте и биеше силно. Столе Димитриевски ја имаше првата екстра интервенција на овој меч.

Следниот момент беше оној удар со глава на Тирни, за да потоа во 27. Минута, Адамс биеше со глава по еден изведен корнер, за да топката го закачи неговиот директен чувар Дориеви отиде кон голот. Димитриевски и во оваа ситуација сигурен.

Во 33. Минута, Скот Мектоминеј атрактивно се обиде со „ножички“ но биеше покрај нашиот гол.

Во финишот на првиот дел, повторно Скот Мектоминеј во главна улога. Доби една прекрасна топка во празно, излезе сам одкосо пред Димитриевски кој што одлично го покри аголот, и шкотскиот репрезенаттивец шутираше директно во него.

По единствениот наш изведен корнер, на одличната топка на Елмас, Чурлинов одлично спушта за Барди, а овој шутира покрај голот.

Б Лига Нации – група 1

ШКОТСКА – МАКЕДОНИЈА 0:0 (0:0)

“Хемпден Парк“ во Глазгов. Судија: Михал Оченаш (Словачка). Стрелци:/

ШКОТСКА: Ган, Портеус, Грахам, Тиерни, Робертсон, Гилмор, Фергусон, Ганон – Доак, МекГин, МекТоминеј, Адамс.

Селектор: Себастијан Покоњоли.

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Алиоски, Муслиу, Младеновски, Илиевски, Гаштаров, Елмас, Барди, Чурлинов, Растодер, Дориев,

Селектор: Гоце Седлоски.

ПретходноГРК Охрид победнички против Младост
СледноКој ќе биде новиот селектор на САД: Шпанец, ама не е Гвардиола?!