Ужасна вест денеска пристигна од Тетово. Почина Агрон Мемеди на само 45 години. „СпортСпорт“ веќе информираше за трагедијата под Шара. Јасно е дека по се она што се случуваше на тренингорт на Шкендија, сите се во шок. На никого не му е до муабет, само ја потврдија веста низ солзи и кажаа дека го нема веќе Агрон.
Инаку во свое време Мемеди беше еден од најдобрите офанзивни леви бекови во ПМФЛ. Го носеше дресот на Шкендија, Металург и Ренова и каде и да играше важеше за клучен играч на тимот. Секако дека и со негова помош овие клубови освојуваа титули. Имаше и еден настап за репрезентацијата на Македонија на 17.11.2010 на пријателската средба со Албанија која заврши 0:0.
Фудбалската јавност во Македонија ќе го памети Агрон како голем човек, спортист во најдобра смисла на зборот. Секогаш го даваше максимумот за клубот како играч, таков беше и до денеска како помошен тренер на Шкендија.
„СпортСпорт“ на семејството и најблиските на Мемеди, како и на клубот Шкендија, им искажува сочуство.










