Подготвителниот натпревар меѓу Мефис Гризилес и Милвоки Бакс беше прекинат по третата четвртина. Во моментите кога двата тима се подготвуваа да ја стартувата последната четвртина се вклучи алармот за пожар во салата „FedExForum“ во Мемфис.
Присутната публика веднаш почна да ја напушта салата, додека играчите и стручните штабови на двата тима беа придружувани до соблекувалните. Кога салата се испразни, стана јасно дека мечот нема да продолжи. Што е најважно, никој не е повреден, но противпожарната служба сепак мораше да излезе на местото на настанот поради протоколот.