Убава вест за нашиот Илија Несторовски. Меѓународна федерација на фудбалските професионалци (ФИФПРО) обезбеди вкупно 414.799 евра исплати на 48 играчи на кои нивните клубови им должат плати. Станува збор за побарувања против клубови кои оттогаш банкротирале или престанале да постојат. Меѓу играчите кои ќе ги добијат парите се Илија Несторовски (36), напаѓачот Славен Белуп и поранешен македонски репрезентативец, пишува шпански АС.
Парите за исплатата доаѓаат од Фондот за помош на играчи на ФИФА, а повторното започнување на програмата е резултат на соработката меѓу ФИФА и ФИФПРО. Повеќето од играчите веќе ги добиле парите, додека преостанатите исплати треба да бидат завршени во наредните денови.
Меѓу играчите на кои им се должат пари се оние чии побарувања датираат од 2015 година. Станува збор за играчи од клубови на четири континенти, имено Европа, Азија и Северна и Јужна Америка. Еден од играчите вклучени во исплатите е Несторовски, чии побарувања се поврзани со италијанскиот Палермо. Македонскиот напаѓач играше за сицилијанскиот клуб од 2016 до 2019 година, кога Палермо се соочи со големи финансиски проблеми и на крајот банкротираше. Откако го напушти Палермо, Несторовски играше за Удинезе и Асколи, а од летото 2024 година е член на Славен Белупо. Износот на неговите побарувања не е објавен, ниту е потврдено дали веќе му се исплатени парите.










