Дали во семејството Кузмановски расте нов ракометар? 

1

Љубовта кон ракометот кај синот на капитенот на Пелистер и македонската репрезентација, Филип Кузмановски, Матијан веќе е очигледна, иако е сè уште мал. По секој натпревар, без разлика дали станува збор за настапите на Македонија или за мечевите на Пелистер, тој сака да биде на теренот покрај својот татко.

Така беше и по големата победа над Гумерсбах, кога Филип Кузмановски, капитенот на Пелистер, ја сподели радоста со својот најмал навивач.

Ако љубовта кон ракометот продолжи да расте, можеби еден ден Матијан ќе го наследи татко си на ракометниот терен. Засега, најважно е да ужива во овие моменти, а капитенот сигурно има на кого да му ја пренесе својата љубов кон спортот.

ПретходноЗаврши “медениот месец“ на Зидан