Арис ја совлада француската екипа Ле Ман со 96:86, во натпревар од осмото коло во Еврокупот, а значаен придонес во триумфот имаше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.
Македонскиот плејмејкер натпреварот го заврши со 11 поени, но особено се истакна во организацијата на играта, забележувајќи дури 13 асистенции за 27 минути и 15 секунди на паркетот. Тој додаде и четири скока, со што имаше важна улога во победата на грчкиот тим.
Димитријевиќ со своите 13 асистенции беше еден од клучните играчи во убедливиот домашен триумф на Арис.










