Земун, предводен од македонскиот тренер Ѓорѓи Мојсов, приреди големо изненадување во шеснаесеттинафиналето на Купот на Србија, откако го совлада фаворизираниот Раднички 1923 од Крагуевац со 1:0 и обезбеди пласман во осминафиналето.
Херој на Земун беше Василије Бакиќ, кој го постигна единствениот гол на натпреварот во 33. минута. Екипата на Мојсов успеа да ја зачува предноста до самиот крај и да го исфрли ривалот кој важеше за фаворит.
Овој триумф е значаен успех за македонскиот стратег, кој во септември ја презеде тренерската функција во Земун, во исклучително тежок момент за клубот. По резултатската криза на почетокот од сезоната, тимот постепено ја подобрува формата, а елиминацијата на Раднички е потврда за напредокот.
Земун продолжува меѓу 16-те најдобри во Купот на Србија, а натпреварите од осминафиналето се закажани за 2 декември.










