Единствениот наш селектор со оставка: „Ќе биде успех ако освоиме еден бод…“

644

Во историјата на македонската фудбалска репрезентација постои само еден тренер кој сам се повлекол, кој имал образ и кој си дал оставка. Станува збор за трофејниот Ѓоре Јовановски кој во периодот од јуни 2001 до јануари 2002 година седеше на клупата на Македонија, а на 13 средби не дојде до ниту една победа со шест реми дуели (3:3 со Турција во Бурса – деби на Горан Пандев), и седум порази.

„Би било успех ако во групата од Лигата на нации освоиме барем еден бод…“, коментираше Ѓоре Јовановски во јуни месец оваа година на емисија посветена за мундијалот, но и момент во кој се коментираа и случувањата и очекувањата во националниот тим.

Ѓоре Јовановски не го преживеа тогашниот обид за подмладување иако во негово време во првиот тим шанса добија играчи како Горан Пандев, Горан Попов, Ацо Стојков… А беше нападнат од оние кои ги тргна, ги суспендираше и ги отстрани како: Гоце Седлоски, Ѓорѓи Христов, Тони Мицевски… Многу кои сега се за „подмладување“, а кои тогаш фронтално нападнаа и го доведоа тогашниот селектор до „мат позиција“ – ОСТАВКА!

Се се памти, се се знае… „Ниски удари“ наместо анализа на кажаното! И некои од споменатите наместо да анализираат што кажа Ѓоре Јовановски пред неколку месеци, тоа повторно со ниски удари и со детали од приватниот живот се обидоа да го дискредираат тренерот кој има титули и пехари со Вардар, Слога Југомагнат, Работнички, а беше и тренер на ЦСКА Софија и Самсунспор во Турција.

Но, не беше добар како селектор и се повлече но неговата струка и знаење имаат тежина и вредности за мак-фудбалот. Втор кој сам си замина и си најде нов ангажман и не сакаше да остане на клупата на Македонија беше Чедомир Јаневски, можеби најдобриот од нашите тренери кој седел на клупата.

Од тренерско знаење до начин на однесување и без ниту една дамка на теренот и надвор од него. Вистински господин! По шесте порази и нуту еден освоен бод во штотуку завршената Лига на нации, Гоце Седлоски е на удар како на јавноста така и на дел од „струката“. Дали ќе остане на клупата ќе покаже времето иако јавноста очекува Македонија да има нов тренер на клупата!

ПретходноИнфантино и официјално доби двајца противкандидати
СледноПрвиот човек на ОФМ и генералниот секретар ќе присуствуваат на 40. Конгрес на ФИВБ