Во Купот на Грција: Ибраими со нов гол за Ксанти!

362

Втор официјален меч за Ксанти и одново стрелец. Тоа е Бесарт Ибраими, најдобриот голгетер во историјата на ПМФЛ. Имено попладнево во меч од 1/32 финале во Купот на Грција, Ксанти го победи Продефтики со 2:0 и тоа на негов терен, а првиот гол за гостите беше дело на нашиот нтернационалец во 25.минута. Бесарт беше во игра до 77.минута, а и немаше потреба за повеќе, додека конечниот резултат на крајот гласеше 2:0 за тимот на Ибраими.

Да потсетиме дека во првото коло во ова натпреварување, Ксанти го победи Караискаки со 2:0, и тоа со двата гола на Бесарт Ибраими.

ПретходноПињеирос е вториот полуфиналист на Супер Глоб!
СледноКазахстан не им издаде визи за влез на „пола“ Босанска репрезентација