Един Џеко очигледно заврши со фудбалот во Европа, па негова следна дестинација ќе бидат САД. Според информациите кои се појавија во босанските медиуми, Џеко е во преговори со ЛА Галакси каде би можел да ја продолжи кариерата ова лето.
Како една од причините за таквата одлука, медиумите ја цитираат неговата сопруга Амра.
„Слушнав дека тој ќе замине во Галакси, но не можам да зборувам за деталите бидејќи работата сè уште не е завршена“, ги потврдил овие шпекулации босанскиот фудбалски менаџер, Адмир Хусариќ.