Очекувано, лесно, рутинирано. Алборг во 1/4 финалето од Супер Глоб со 38-27 (19-10) го победи Ал – Вехда и успеа да се пласира во полуфиналето, каде таму го чека пресметка со германскиот Магдебург кој денеска претпладнево успеа да се пласира во следната фаза на Супер Глоб.
Ал – Вехди, тим од Саудиска Арабија просто немаше шанси ниту да помисли за било каква сензација против еден од најдобрите европски ракометни клубови. Данците уште во прото полувреме водеа со 19-10 и потоа само рутински ја одработуваа работата.