Бледи Шкемби: Победивме, ама не ми се допадна тоа што го видов во првото полувреме

0

Струга ТЛ попладнево во меч од 14.коло во ПМФЛ, успеа со 1:2 да слави во Штип со што ја продолжи победничката серија, со што остана на чело на табелата.

Сепак не беше се идеално за стружани, посебно ако се знае дека Брегалница во првиот дел имаше водство од 1:0.

Тоа го потенцира и тренерот на Струга Т, Бледи Шкемби:

„Не ми се допадна како одигравме во првото полувреме. Бевме многу бавни и не агресивни. Ги загубивме речиси сите дуели во средниот ред и нападот! Второто полувреме беше различно. Влеговме во ова полувреме со поинаков менталитет и со самодоверба да го добиеме натпреварот. За среќа, ја постигнавме нашата цел и можам да кажам дека за настапот во второто полувреме, момците заслужуваат комплименти“.

ПретходноПобеда на Сантандер во гол – шоуто со Сосиедад!