Ливерпул – Манчестер Јунајтед 4:0 во најголемото дерби во Премиерлигата, во дербито на 11.коло. Маурицио Покетино и тоа како ќе го памети своето деби на клупата на Јунајтед, кое може да се оцени како ужасно. Очигледно е дека новиот стратег на некогашниот гигант има голема и мактркпна работа пред себе.
А ужасот, дебаклот за Покетино се насетуваше уште во 13.минута кога неговиот тим веќе губеше со 2:0 и притоа остана со играч помалку по исклучувањето на Јоро.
Стрелци на головите беа Собослаи и Вирц. Во продолжение од средната Јунајтед се обиде нешто да стори, сепак се знаеше во кој правец оди ова големо дерби. Нгумоха во 66.минута и Муњоз во 82.минута ги поставија конечните 4:0.
По овој пораз Јунајтед по 11.коло се наоѓа на претпоследното место на табелата со само една победи и 8 бода.
Ужас!










