„Лудиот“ настап на Вирц против Манчестер Ј. – 10 креирани гол шанси!

0
фото: Liverpool FC @LFC (X)

Флоријан Вирц имаше фантастичен настап во убедливата победа на Ливерпул над Манчестер Јунајтед од 4:0, а германскиот репрезентативец испиша и нова страница во историјата на Премиер лигата.

Офанзивниот играч за врска создаде дури 10 гол-шанси за своите соиграчи на натпреварот на „Енфилд“, што претставува најдобар учинок на еден фудбалер на еден првенствен натпревар откако се следи оваа статистичка категорија.

Уште повпечатлив е податокот дека пет од неговите креирани можности биле таканаречени големи шанси, односно ситуации во кои се очекува сериозна закана за противничкиот гол. Според податоците на „Софаскор“, ниту еден фудбалер во Премиер лигата немал ваков учинок на еден натпревар од сезоната 2015/16, кога започнало следењето на оваа статистика.

ПретходноТрет пораз на шампионот Крива Паланка