Младата репрезентација на Македонија до 15 години ќе одигра два контролни натпревари против врсниците на Србија на 24 и 26 ноември на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Селекторот Горан Георгиевски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојните контролни средби.
Голмани: Давор Грабуловски (Парк), Огнен Божиновски (Форца); Одбрана: Стефан Петровски (Академија), Максим Мечкаровски (Вардар), Хари Папиќ (Парк), Ринор Палоши (Шкупи), Калин Арсовски (Парк), Марко Мартиновски (Вардар), Милан Стаменов (Форца); Среден ред: Амир Бафтијари (Шкупи), Стефан Дрндаровски (Бутел), Габриел Фударски Митев (Брера), Аник Исуфи (Милано), Берат Фезулаху (Пелистер), Леон Ристов (Вардар), Даниел Џилберти (Наполи, Италија), Виктор Грданоски (Охрид); Напад: Калин Каракаш (Парк), Михаил Василевски (Форца), Адем Вукeљ (Карев), Ненад Јовановиќ (Бутел), Афан Јонузи (Арсими).
Натпреварот во вторник е закажан во 13:00 часот, вториот дуел меѓу двете селекции на 26. ноември ќе започне во 12:00 часот.










