Италијанските медиуми пишуваат за сериозен инцидент кој што се случил во третата аматерска лига на дуелот помеѓу екипите на Галактик Паолини и Атлетик Партана. Во кој што играч добил црвен картон за удирање на поритивник кога играта била прекината.
Откако бил исклучен и одстранет од терен, играчот се вратил со нож во раката. Почнал да се заканува на речиси сите и настанал хаос.
Според извештај од клубот „Атлетик Партана“, во еден момент, еден играч го фатил за врат еден од претставниците на клубот, додека во другата рака држел оружје. Со оглед на сериозноста на ситуацијата, судијата одлучил трајно да го прекине натпреварот.
Потпретседателот на гостинскиот клуб веднаш повикал полицијa. Полициските службеници кои пристигнале на местото на настанот ги испрашале сведоците и ги идентификувале сите лица вклучени во инцидентот.
Секако, потоа со своја изјава во јавноста излегоа и надлежните во локалниот фудбалски сојуз кој што најстрого го осудија инцидентот.










