Њукасл денеска ќе добие арапски сопственици!

196

Премиерлигашот Њукасл ќе добие нов сопственик и тоа ќе биде конзорциум од Саудиска Арабија. Премиер лигата ја одобри продажбата со што Њукасл во наредните часови и официјално ќе добие нови газди.

Со тоа ќе виде ставен крај на 14-годишното владеење на Мајк Ешли за кого навивачите немаат позитивно мислење и одамна сакаат тој да го напушти „Сент Џејмс Парк“. Истражување покажува дека дури 93% од членовите на клубот се за продажба на клубот.

Сумата која Арапите ќе ја платат за Њукасл е 300 милиони фунти.

Инаку оваа продажба беше најавена одамна но се пролонгира затоа што државата Саудиска Арабија требаше да ги реши проблемите околу нелегалните преноси на натпревари во Премиер лигата.

ПретходноМагдевски собира признанија во Романија
СледноБелгија – Франција за место во финалето на ЛН