Пелистер славеше на дербито против ГРК Охрид со 27-24 во натпревар од 12. коло во Суперлигата. Победникот на оваа средба беше решен во последните две минути.
Салата „Боро Чурлевски“ беше исполнета до последното место, а на трибините имаше и гостински навивачи. Околу 250 фанови на ГРК Охрид беа најавени за оваа средба. Иако дербито мина во одлична атмосфера и без инциденти, сепак, една дамка остави начинот на кој гостинските навивачи ја напуштија трибината на која беа сместени.
На официјалната Фејсбук-страница „И моето дете ќе навива за Пелистер“ беше објавено видео на кое се гледа дека дел од столчињата на гостинската трибина се искршени.










