Македонија го победи Лихтенштајн 4:0, Германија со пресврт славеше над Романија 2:1, а Исланд и Ерменија одиграа 1:1 во Рејкјавик во групата Ј.
Во групите групи Холанѓаните предводени од Луј ван Гал продолжија добрите резултати и вечерва со 1:0 славеа над Летонија во гости. Дејви Класен погоди на асистенција на Депај за нови три бода на „лалињата“. Во оваа група Г фудбалерите на Црна Гора славеа на гостувањето кај Гибралтар со 4:0, а Турција и Норвешка одиграа 1:1.
Холандија е прва со 16 бода, два помалку има Норвешка, Турција има 12, Црна Гора 11, Летонија 5 и Гибралтар е без бодови.
Во групата Е, Чешка и Велс одиграа 2:2. Велшаните поведоа со голот на Ремзи, а две минути подоцна изедначи Песек. На почетокот на второто полувреме Ворд постигна комичен автогол, но Даниел Џејмс ги постави конечните 2:2.
А Естонија како домаќин ја победи Белорусија со 2:0. Во оваа група води Белгија со 16 бодови, Чешка и Велс имаат по осум, Естонија четири, а Белорусија три.
Во ГРУПАТА Х Хрватска славеше на Кипар со 3:0 со головите на Перишиќ, Гвардиол и Ливаја и е на чело на табелата со 16 бодови. Исто толку има и Русија која со автоголот на Шкринијар ја победи Словачка со 1:0. Словенија со 4:0 ја совлада Малта во Валета.
Словенците се трети во групата, Словаците, Малтежаните и Кипраните зад нив.