Дека Тимо Вернер се наоѓа во очајна форма откако се пресели во Челзи, потврди и вчерашниот дуел на германската репрезентација против Романија во 7. коло од квалификациите за СП 2022. На мечот кој Германците го добија со пресврт во вторит дел, Вернер беше најслабо оценетиот фудбалер во тимот на популарниот „Елф“.
Според германските медиуми, Вернер кој доби стартно место во тимот и одигра 67. минути, беше тотално невидлив. Иако трчаше и се обидуваше да гради ситуации, германските новинари неговиот настап го оценија како тотално промашување.
„Вернер беше најслабиот во тимот. Трчаше, се туркаше, но без ефект. Неговото додавање во 32. минута од десно крило до Рој беше катастрофално. Тој мораше да биде многу подобра. Добро е што веднаш потоа беше изваден од игра“, се вели во коментарот на СПОРТ1.де.
Тимо Вернер беше еден од луѓето кои „кумуваа“ и во победата на Македонија од 2:1 на оној меч во Дуизбург во март годинава.