Градска пресметка во СЦ „Јане Сандански“: Вардар домаќин на Металург

115

Денеска ќе се одиграат три меча од петото коло во машката Супер-лига. Во центарот на вниманието е дуелот во СЦ „Јане Сандански“, Вардар 1961 е домаќин на градскиот ривал Металург (18 часот).

Иако меѓу двата тима има голема разлика на клупата, сепак овие средби секогаш се посебни. Избраниците на Веселин Вујовиќ ќе ја бараат шестата победа во низа, која треба да биде загревање за дуелот со Монпеље во ЛШ закажан за 13. овој месец, исто на домашен терен.

На другата страна тимот од Автокоманда лошо ја отвори сезона, но минатото коло го запиша првиот триумф, па сега со далеку поголема самодоверба и атмосфера ќе влезе против градскиот ривал.

Пред оваа средба, Струга го пречекува пролет (16 часот), додека пак Охрид е домаќин на Е.Пелистер (19 часот).

ПретходноПатиките на Џордан се продаваат за неверојатна сума
СледноМартинез нема да биде нов тренер на Барса, затоа што Жорди Кројф рекол така!?