Македонската фудбалска репрезентација вчеравечер во Лихтенштајн го одработи еден од најважните мечеви во овие квалификации. Против аутсајдерот во групата заебележана е победа од високи и убедливи 0:4.
Играта покрај резултатот исто така е за пофалба. Упативме десетиви удари кон противничкиот гол, реализиравме неколку шанси, напаѓачки сме на висина на задачата. Добивме уште едно име во тој сегмент, за А репрезентацијата дебитираше Бојан Миовски. Имаше и тој свои моменти на синоќешниот меч, прашање е на време само кога ќе го постигне и дебитантиот гол.
„Мислам дека рано го отвориме Лихтенштајн. Утнавме неколку шанси пред да постигнеме гол, а потоа се беше полесно. Ова е селекција која е спој на младост и искуство, и постарите многу ни помагаат како на терен, така и надвор од него. Сега ни следува Германија, нема играч за кого оваа селекција не е мотив сама по себе.
Ние нема што да загубиме, ќе дадеме се од себе, да ги исполниме само задачите на селекторот. Чест е и задоволство што сум дел од А репрезентацијата, што дебитирав за неа, и ќе се потрудам и во иднина да ја оправдам довербата која ми е дадена од страна на селекторот“ – изјави Бојан Миовски.